" /> Приказна " Човекот и мечката "(10.07.2020)

 

Стандард :Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства

Цел :да ја развива способноста за слушање, разбирање и доживување на содржината на литературните творби;

Тек на активноста :Кажете им децата дека денеска ке им прочитате поучна приказна, а тие ке имаат за задача внимателно да ве слушаат и со ваша помош да донесат заклучок.Потоа потикнете ги да ја прераскажат приказната.

 

ЧОВЕКОТ И МЕЧКАТА

Во една планина имало пештера, а во неа живееле мали мечиња со нивната мајка

мечка. Крај пештерата, еден дрвар, си сечел дрва и видел едно меченце, закачено во

трњето, како се мачи да се ослободи од острите боцки. Кога дрварот го видел, се

смилувал, ја оставил секирата и отишол да му помогне на мечето. Го прегрнал, го

однесол до пештерата, да се одмори, па се вратил назад, ја зел секирата и почнал да

работи. Во близина била мајката мечка, која видела се што направил човекот, затоа

отишла да му се заблагодари:

download mecka

-Добар човеку, ти ми направи големо добро-рекла таа-сакаш ли да станеме

пријатели?

-Човекот малку се исплашил од мечката, но кога видел дека таа бара да станат

пријатели се согласил. Човекот на почетокот се плашел од мечката но со текот на

времето се навикнал на неа и станале големи пријатели.

-Секогаш кога одел по дрва мечката излегувала да му помогне, за берење и

товарање на дрвата во колата, а потоа долго го испраќала и се договарале за нова

средба близу до пештерата, каде што го спасил мечето.

Тие станале толку блиски и добри другари, кога се разделувале се гушкале. Еднаш

човекот кога се гушнале и рекол на мечката:

-Е, добра пријателко, многу си добар пријател, многу ми помагаш, ама едно не ти

чини, душата ти мириса многу лошо!

Човекот не размислил што кажал, не се досетил, дека тој збор може да ја навреди

мечката. Мечката се натажила. Силно ја заболело, како со нож да ја прободел во

срцето, но не рекла ништо. Се наведнала и го замолила:

-Човече, ај удри ме со секирата по главата колку што можеш силно, ако не ме удриш

ќе те изедам!

Човекот почнал да ја моли мечката, да не ја удира. Ама таа не отстапувала од

реченото: Удри ме силно или ќе те изедам!

Најпосле човекот видел не видел замавнал со секирата и ја удрил силно со што и

направил голема рана. Се разделиле, натажени, посрамени, но пак се договориле да

се сретнат на старото место кај пештерата.

После тоа, дрварот одел во шумата кај пештерата но никако не можел да ја види

својата пријателка мечка. Тој помислил дека умрела од раната која и ја направил, се

чудел зошто посакала да ја исече со секирата кога беа добри пријатели. Поминале

неколку години, а човекот заборавил на мечката.

Но, еднаш случајно налетал на неа во шумата. Се познале, се поздравиле,

разговарале како најдобри пријатели, му помогнала да ја натовари колата со дрва, кога

тргнал да си оди мечката му рекла:

-Ај погледни ми ја добро главата, пријателе, ја гледаш ли раната што ми ја направи

со секирата?

Човекот добро погледнал, го растргал крзното на вратот, но ништо не видел, раната

убаво зараснала, дури ни белег немало, па и рекол на мечката:

- Пријателко, толку добро ти зараснала раната што ниту белег не се познава, дури

не се познава дека имало рана. Јас, многу убаво се сеќавам, како вчера да беше, тогаш

те удрив многу силно што помислив дека си умрела од длабоката рана.

 

  t 1

Мечката рекла:

-Гледаш ли пријателе, раната зарасна, дури јас заборавив на неа, но зборот што ми

го кажа тогаш нема да го заборавам додека сум жива.

-Само дa знаеш дека: најдлабоката рана заздравува, а лошиот збор никогаш не се

заборава

Воспитувач :Маја Цоканова

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk