Стандард : Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности
Цели : Да се поттикнува да ги развива радоста и задоволството од успешно завршена работа.
Тек на активноста : ‘’Погоди кое животно сум ‘’ – говорна игра Активноста ќе ја започнете така што на децата ќе им покажете кутија со животни , на пример : маче, куче, мечка, мајмун, крава, овца ,јагне коза и други. Децата ги именуваат животните и ги имитираат гласовите што ги испуштаат(помош звучна сликовница) . Потоа детето ибира фотографија и го имитира гласот на животното што е на сликата Детето треба по гласот да погодат кое животно е на сликата . Откако погодиле детето ја покажува сликата и раскажува за животното. Активноста ке ја завршиме со што ќе ја завршиме со ликовна игра на картон со фломастер нацртајте контури на животно (или листови со готова контура животно) , децата имаат задача со (грав ,леќа,ориз)и лепак да ги повторат котурите и со темперни бои да ги обојат по желба, потикнувајќи ги на прецизност и креативност , пофалба.
Потребни материјали и средства за реализација:Дидактички фотографии од животни,звучна сликовница ,контура со животни,грав,леќа,ориз, темперни бои.
Воспитувач :Милка.Ј.Митевска