Стандарди:Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност. –Детето може да развие социјални вештини во интеракција со возрасни.
Цел:Да се воведува и запознава со својствата на разни техники и материјали за моделирање (тесто,пластелин,глина и др.). –Да се поттикнува на чувство припадност на групата,семејството.
Тек на активноста :Играњето со пластелин на децата им помага да ја развијат фината моторика а воедно и својата имагинација.Затоа сега е идеално време да направите домашен пластелин заедно со вашето дете. Потребни ви се следниве состојки
-1 чаша брашно
-1чаша млака вода
-2лажици масло за готвење
-бои за готвење по едно пакетче од секоја боја
-2лажички сол
Измешајте ги сите состојки во длабок сад,дозволете и вашето дете да ви помогне во месењето.Доколку тестото се лепи додадете повеќе брашно.Поделете го тестото на онолку дела колку што имате прехрамбени бои. Месете додека смесата не се соедини.За да ви остане пластелинот мек би било добро да ги чувате во пластични садови со капаче. Пријатна работа уживајте !
Материјали и средства за реализација:брашно,вода,масло за готвење, прехрамбени бои,сол.
Воспитувач :Марија.Н.Димиќ
Нашите вредни другарчиња: