Стандарди :Детето е способно да истражува и открива нови работи.
Цели:Го поттикнувам истражувачкиот дух за откривање на важноста од правилната употреба на сапунот за заштита од бактерии и нашето здравје.
Бактерии
„Што се тоа бактерии?“ - прашува куклата Ана; „Бактериите може и да бегаат.“ - додава Ана.
Дали вие деца знаете што се тоа бактерии? Како бактерии може да бегаат? Каде ги има бактериите? ...
Тек на активноста :Погледнете што ни донесе куклата Ана и ќе видиме како тие бактерии може да бегаат. Во еден сад ставаме вода со сапун,во друг сад со вода ставаме бибер, а тој ни ги претставува бактериите, потоа чепкалка за уво ја натопуваме во вода со сапун и ја ставаме во водата со бибер (бактерии). Бактериите се разбегуваат по крајот на садот и ги нема во местото каде што е сапунот.Децата уживаат во истражувањето.
Материјали и средства за реализација :течен сапун,сад со бибер,вода,чепкалки за уво.
Не забораваме да миеме рачиња !
Воспитувач:Јелена Вангелова