Стандарди: Детето покажува интерес за учество во музички активности;Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите;Детето покажува истрајност во преземените активности;
Цели: Да се поттикнува и поддржува интересот за пеење и слушање песни;Да се поттикне интересот за учество во музички активности;Да се развива способност за користење на палецот и показалецот при изведување манипулативни активности;Да се поттикне да ги користи дланките и прстите на двете раце;Да се поттикнува детето самостојно и упорно да изведува одредени активности;Да се поддржува во обидите да создаде нешто ново со користење различни материјали.
Активности: Активноста започнете ја со разговор и набљудување слика. Разговарајте за годишното време лето и што се случува во лето. Преслушајте ја понудената песничка неколку пати, а потоа меморирајте ја текстуално и мелодиски. Потоа предложете му на детето да изработите детски музички инструменти како што е прикажано на сликите, или според некоја ваша идеја. Со изработените инструменти можете да направите „ bend “ и да ја пеете песничката со придружба на инструменти. Следи боење по контура.
Линк од песната /
Материјали и средства за реализација:Песна "Лето "(Текст и глас/Воспитувач:Валентина Гавриловска,Музика/Муз.Педагог:Борислав Јоргушвски),листови со контура,дидактички фотографии лето,фотографии пр.музички инструменти.
Воспитувач: Валентина Гавриловска
Музички педагог :Борислав Јоргушевски