Стандарди:Детето демонстрира знаење за колкичина, бројки и броење .Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства
Цели : Да се поттикнува кон користење на стандардни и нестандардни мерки за мерење ( метар. сантиметар, педи, чекори, јаже ) - создавање на пријатни доживувања и поттикнување на детската инвентивност, досетливост и снаодливост.
Тек на активноста: Кажете им на децата дека денес ќе играте мерење , за денешната активност ви е потрбно да имате метро за мерење на висина , јаже. Најпрво измерете ја висината на детето со метро и кажете му гласно колку сте измериле, на пр. 126 сантиметри. Кажете им дека сите должини се мерат со метро. Покажете им го метрото да го видат и допрат и еве денес со метрото што го имате кај вас ќе мерите. Прашајте го детето што сака да измерите, измерете ја вратата , после секое мерење кажувајте колку метри и сантиметри има. Потоа измерете ја масичката, тепихот, телевизорот и сл. Кажете им на децата дека можеме да мериме и со педа ( покажете му како и измерете ја масичката со педи ), дека може да се мери со чекор ( измерете го тепихот со стапалки ) со јаже но, треба да знаеме колку метри и сантиметри има јажето.
Материјали и средства за реализација: метро,дидактички фотограии.
Воспитувач :Анета Димковска