Стандарди:Детето демонстрира знаење за количина,бројки и броење.- Детето може да развие социјални вештини во интеракција со возрасните.
Цел:Да се оспособи за препознавање на цифрите од еден до пет. – Да се поттикнува на чувство на припадност на групата,семејството.
Тек на активноста:Активностите со пластелин се посебно интересни за децата ,затоа направете интересна математичка игра во која детето ќе ги научи броеви и ќе ја развива фината моторика изработувајќи фигури од пластелинот.Потребно ви е домашен пластелин ако веќе претходно сте го приготвиле,но може и обичен. На лист хартија нацртајте ги во различна боја броевите од 1 до 10, а детето од примерот нека ги направи броевите со пластелин.
Материјали и средтсва за реализација:Домашен или обичен пластелин ,лист хартија ,дрвени бои.
Воспитувач: Марија.Н.Димиќ