Стандард:Детето може да ги користи своите сетила-допир,вид,слух,мирис.
Цел:Да се оспособува да ги препознава предметите користејќи ги сетилата.
Тек на актовност: Играта со волшебна кутија(може и платнена торбичка) е многу разновидна и интересна за децата.Правило на играта е:детето да ги затвори очите и со рацете да ги извади предметите од кутијата(торбичката) без да гледа,да ги именува и опише.
Материјали и средства за реализација :картонска кутија(торба платнена),разни предмети од домот(пр:играчки,предмети за лична хигиена,предмети од различни материјали,овошје,зеленчук ...)
Воспитувач :Кристина Лабудовиќ