Стандарди: Детето може да ги контролира деловите од телото; Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите; Детето може да ја користи креативноста во секојдневните активности;
Цели: Да се развива мускулатурата на целото тело; Да се развива прецизноста и упорноста; Да се поттикнува на разни физички активности;
Тек на активноста: Договорете се со детето за изработка на реквизитите потребни за играта. Подгответе книжни чинии , амбалажа од кујнска хартија, лепило, водени бои. Заеднички обојте ги чиниите , а потоа залепете ги како што е прикажано на сликата. Играта може да започне по изведување неколку вежби за загревање. Следи играње на играта.
Материјали и средства за реализација : Книжни чинии, амбалажа од кујнска хартија, водени бои, четки, чаши, лепило.
Воспитувач: Валентина Гавриловска