Стандард:Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.
Цел:Развивање на имагинацијата.Развивање и поттикнување на комуникативните функции на говорот-експресивна,игровна информативна.
Тек на активноста: Поттикнете ги децата да осмислат своја приказна и да одберат ликови кои ќе треба да ги нацртаа .Денес децата ќе бидат главните улоги во својата приказна а вие може да помогнете или да бидете публика.Подготовка за театарот на сенки потребно е да обезбедите собата да биде доволно темна за да може да се види сработеното со помош на батериска ламба. Детето ќе ги црта ликовите од својата приказна на безбојната фолија.Потоа ќе ги залепите на пластичните чаши и со помош на батериската ламба ќе светите.Со нетрпение се радуваме за нивниот успех.Вечерта уживајте заедно во нивната фантазија,храброст,во нивната интерпретација и изведба во која мисловно говорат.Наградете ги со аплауз и гушкање...
Материјали и средства за реализација :Пластични чаши или котур хартија,безбојна фолија,фломастери,ножички,батериска ламба.
Воспитувач : Елена Тодоровска