Стандарди:Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор.
Цел:Да се развие способност за слушање разбирање и доживување на јазикот.
Тек на активност:Најнапред активноста ќе ја започнеме со запознавање на детето со значението на нашите Просветители Св.Кирил и Методиј и значението за нашата азбука(Супер Смешка),потоа ќе ја меморираме песната "24 Мај" заедно со детето ќе си го напишеме името на Кирилица .
Материјали и средства за реализација:
Дидактички фотографии,песна 24 Мај,молив,лист А4 формат.
"24 Мај"
Денес го славиме денот
на словенските просветители,
на нашите први учители.
Ден празничен,свечен
по светите браќа-
Кирил и Методиј наречен.
Со Кирилица денес ние пишуваме,
со неа благодарност искажуваме.
Азбуката мила кирилична света
во нашите книги неуморно цвета.
На овој ден имиња свети ги спомнуваме
и секој час си ветуваме:
Kирилицата ќе ја чуваме.
Воспитувач: Даниела Трајковска