Цел:Детето треба правилно да го развие говорот ,мисловниот процеси концентрација.
Тек на активноста:Детето треба правилно да ја изговара буквата Л во зборот (иницијално,медијално и финално)во реченицата,песни,приказни
Вежби за правилна артикулација на буквата "Л"
-во збор
Иницијална положба
-липа,ливада ,лимон ,лебед,лента,лето ,лав,ластовица,локум,локомотива,лопов,лубеница,лустер.
Медијална положба
-плете,следи,шлиц,млеко,калап,салама,слуга,блуза,блок,клупа,злоба...
Финална положба
-бал,жал,шал,сел,мел,нил,вил,кол,вол..
-во реченица
1.Лимонот е жолт и зелен..
2.Лена пие липов чај.
3.Булката е црвена.
4.Лиле отиде на бал.
5.Гулабот е бел.
6.Лавот лови антилопа.
7.Лазо купи нова кола.
-во песни
Лебедот и облачето
Лебедот и облачето ,лет,лет,летаат
Во ливадата крај поточето ќе слетаат
лебедот да поспие,облачето вода да се напие.
-во приказните
Лисицата на суд
Ја суделе лисицата затоа што украла неколку кошки од еден селски кокошарник.
-Не сум виновна чесен збор можам да докажам јас во тоа време бев во друго село.
А имаш ли свидител ја прашал сусијата
Ја свидителите ги изедов рекла лисицата
- Наслов на активност : Автоматизација на буквата „ Р “
Цел на активноста : Детето треба да го развие мисловниот процес, концентрацијата и да го задржи вниманието. Правилен изговор на буквата „ Р “
Тек на активноста : Детето преку слики треба да создаде приказна.
Стручен соработник:Логопед Ивана Мирчевски