Стандарди:Детето може да воспостави контрола на движење на дланките и прстите.
Цел:Да се развива вештина на дланките и прстите за конкретна цел.
Тек на активноста:Активноста ја започнуваме најнапред со разговор за воздушниот балон,преку фотографии на детето ќе му се објасни начинот на кој се движи балонот,во него можат да се возат повеќе луѓе и тој се движи со загревање на воздух.,Дозволете му на детето да ја искористи својата креативност и да изработи /Воздушен балон со помош на материјали (цевки,хартија,балон,врвка,самолеплива хартија).
Материјали и средства за реализација:Цевки,балон,картон,самолеплива хартија,врвка,лепак
Воспитувач:Андријана Арсова