Стандарди:Детето демонстрира способност да истражува и открива нови работи.
Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација.
Детето може да воспостави контрола на движење на дланките и прстите.
Цел:Да се потикнуваат одередени представи и поими од областа на собраќајната култура.
Да се запознае со собраќајните средства што се движат по вода.
Тек на активност:На почетокот да се запознаеме со тоа Што е Воден собраќај!
Воден собраќај е вид на собраќај за превоз на луѓе и транспорт на стока по вода-река ,езеро,море и океан.
Превозните средства што се користат во водениот собраќај се:брод,кајче,јахта ,скутер,глисер,подморници сите овие поими ги покажуваме на дидактички фотографии.
Активноста ќе ја продолжиме со : лист хартија А4 формат и со помош на шема за оригами/брод ќе ја направиме заедно со детето.Активноста ќе ја продолжиме земаме пластичен поголем сад со вода ќе направиме експеримент за тоа Што тоне а што плови?.
Воспитувач:Анета Димковска