Стандарди:Детето демонстрира способност за класификација и серијација.
Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.
Цел:Да се потикне кон воочување ,препознавање и именување на круг,квадрат,триаголник.топка,коцка.
Да ги развива и негува позитивни емоции, како што се љубов,радост,среќа,задоволство ,опуштеност и сигурност.
Тек на акивноста:На лист А4 формат нацртајте човече со разни геометриски форми до него квадрат обоен со сина боја,триаголник со зелена боја,
круг со жолта боја и правоаголник со црвена боја.Потикнете го детето да ги пронајде формите на поставеното човече и да ги обои со соодветната боја на формите.
Материјали и средства за реализација :AЛист А4 формат,дрвени бои,фломастери.
Воспитувач:Марија.Н.Димиќ