НА УЛИЦА
Детето развива способност за јасно рецитирање стихотворба со промена на
интонација на гласот.
Разговарајте за улица, нејзиното значење, кој се се движи по улица, кои
сообраќајни знаци ги среќаваме и како треба да се однесуваме на улица.
Потоа, прочитајте ја стихотворбата, објаснете ги непознатите зборови и
неколку пати читајте ја, со цел детето полесно да ја меморира.
НА УЛИЦА
ЗНАКОТ НА УЛИЦА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВА,
НЕГОВАТА ПОРАКА СЕКОЈ ДА ЈА ПРОЧИТУВА.
ДА ЗАСТАНЕШ ТРЕБА КОГА СТОП НИ ВЕЛИ,
ПОЧЕКАЈ И РАЗГЛЕДАЈ, СОВЕТИ НЕ ДЕЛИ.
ПО УЛИЦА КОГА ОДИШ, ПОЧИТУВАЈ СТРАНА ДЕСНА,
ПРАВИЛО Е ТОА ВАЖНО, ИМА ПРОСТОР НЕ Е ТЕСНА.
КРСТОСНИЦА КОГА ИМА, ЗЕЛЕНО ЧЕКАЈ.
СЕМАФОРОТ ВИ Е ДРУГАР, ДА ГО ПОЧИТУВА СЕКОЈ.
Воспитувач:
Маја Цоканова