ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Стандарди :Детето може да препознае штетни и опасни ситуации.
Детето може да воспостави контрола на движење на дланките и прстите.
Цел: Детето може да ги препознае факторите кои можат да го загрозат здравјето.
Да се поттикнува координација помеѓу окото и раката.
Тек на активноста :Активноста ја започнуваме најнапред со разговор и разгледување на фотографии за планетата Земја и како да ја заштитиме /Што можеме ние да напправиме за неа ? , потоа читаме текст .
Понатаму, продолжуваме со цртање и боење на планетата Земја.
Материјали и средства за реализација :Дидактички фоторафии,текст/Денот на планетата земја,лист со контура планетата земја,фломастери.
Воспитувач:
Андријана Арсова