НА ВЕЛИГДЕН СЕ РАДУВАМЕ
Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор.
Детето демонстрира знаење за количина, броеви и боење.
Да се поттикне и оспособи детето за искажување на своите идеи на повеќе начини, како и за користење на математички поими во опкружувањето.
Активноста ја започнуваме со разговор за големиот христијански празник „Велигден“. Потоа, ја читаме и раскажуваме приказната „На Велигден се радуваме“.
Продолжуваме со работа во математичките боенки или работни листови.
Воспитувач:
Андријана Арсова