ПРЕПОЗНАЈ ГО ЗВУКОТ
Игра која влијае врз развојот на говорот, мислење, помнење и концентрација.
На детето му пуштате различни звуци од животни, предмети или звуци од природата без да ги гледа. Детето погодува за кој звук станува збор и го опишува.
Заедно имитирајте звуци.
Менувајте го интензитетот на звукот од најтивко до најгласно.
Следете и играјте додека трае интересот на детето.
Музички педагог:
Борислав Јоргушески