" /> Добредојдовте

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ!

  •    За време на уписот го запознавме Вашето семејство, потребите, навиките и карактеристиките на самото дете.
  •    Подготвивме сигурна и поттикнувачка средина за правилен раст и развој на Вашето дете.
  •   Доколку имате потреба од стручна помош, обраттете се кај воспитувачот или педагогот на градинката.

roditelsko8

Секогаш сте добредојдени!

Обврски на родителот кон градинката

На почетокот на месецот ќе добиете уплатница за изминатиот месец која треба да ја платите најдоцна до 20ти во месецот.

Задолжително при носење на детето во градинката, родителот мора да го најави своето доаѓање на домафон, а потоа и лично да го предате детето на учителката од групата. Исто така важно е да се знае дека детето од градинката го земаат родителите, или друго овластено возрасно лице од родителот, по предходна најава на учителките во групата (денес моето дете ќе го земе баба му!).

Во случај детето да е болно, родителот треба задолжително да ги извести учителките во групата, а по враќањето од боледување, задолжително да донесе медицинска белешка, дека детето е здраво и може да посетува градинка).

Отпишувањето на Вашето дете највете го еден месец однапред (во спротивно сте должни да ја платите уплатницата)

За пријатен престо на детето во градинката ќе обезбедиме:

v      флексибилна организација

v      ведра атмосфера

v      сигурно и потикнувачка средина( за игра, забава, дружење, развој)

v  стручна помош и соработка (директор, педагог, музичар, главна медицинска сестра, врвен воспитно-згрижувачки кадар)

На Стручниот соработник - педагог можете секогаш да му се обратите за помош, за совет, за објаснување на Вашите потешкотии на телефон 02-3215-959.

Сите информации за дополнителните програми кои Вашето дете може да ги следи во градинката ќе ги добиете од учителките во групата, или кај раководителот на објектот.

Сите вработени во детската градинка на Општината Центар Раде Јовчевски Корчагин” се грижиме Вашето дете да биде здраво, сигурно, слободно, самостојно, задоволно, весело, креативно, и СРЕЌНО!  

ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ

Почитувани родители, со цел да го подобриме здравјето на Вашето дете, во нашата градинка,препорачуваме детето да останува дома во следните случаи:

1.Ако детето е болно.

- Ако има температура над 37 степени.

- Невообичаени дамки на кожата, кожен осип.

- Пролив или повраќање.

- Вошливост.

- Отежнато или забрзано дишење.

- Конјуктивитис.

- Воспалено грло или потешкотии при голтање.

- Заразен кожен осип ( варичела, скарлатина).

- Присуство на стафилококна и стрептококна бактерија во нос или грло.

Со вакви симптоми детето не може да биде примено во градинка

- Дете кое прима антибиотска терапија не смее да престојува во градинка

- Негувањето на децата дома кога се болни, е најдобар начин за спречување и ширење на заразните заболувања

- Детето кое ќе покаже одредени знаци на болест и го испратиме дома, Ве молиме да не информирате за неговата здравствена состојба.

-  При повторно доаѓање во градинка, задолжително донесете медицинска белешка дека детето е здраво.

2. Лекови во градинката се забранети.

ЗДРАВА СРЕДИНА – СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ ДЕЦА

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk