Стандард :Детето може да ги користи своите сетила (вид, слух, допир, мирис, вкус) за регулирање на движењата
Цели:Да се поттикнува детето да ја користи својата креативност.Да се развива иницијативност и самостојност во изборот на материјали за активноста.
-Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали.
Тек на активноста:Денешната активноста ќе ја посветиме на големиот Христијански празник Божиќ во таа чест ќе изработуваме Божиќни колачиња .Можете и вие во вашиот дом заедно со вашите најмили да ги подготвите .Не само што се лесни за подготовка и вкусни, туку и ќе се забавувате цртајќи ги. Со малку време, трпение и фантазија, ќе добиете прекрасни уникатни колачиња кои може да ги користите и како украс во сопствените домови.Уживајте во празниците.......
Материјали и средства за реализација :модли за колачиња,бои прехрамбени и рецепт за колачиња(350 гр. брашно (може бело или интегрално по ваша желба);
две кафени лажички ѓумбир;
една кафена лажичка цимет;
четврт кафена лажичка москантно оревче;
половина кафена лажичка пекарска сода;
на врвот од една кафена лажичка сол;
150 гр. мед (доколку сте веган може маџун);
20 гр. шеќер (бел или кафен);
110 гр. путер (доколку сте веган може какао путер);
Во еден сад најнапред помешајте ги сите прашкасти состојки, па додадете го медот и путерот исечен на коцки. Доколку имате од оние блендери стаклени кои се затвораат комплетно користете ги за убаво да ги измешате состојките. Доколку немате, во тој случај мешајте со раце и бидете многу трпеливи.
Откако се убаво ќе се спои во една смеса, ставете ја во проѕирна фолија за храна и ставете ја во фрижидер најмалку 30 мин.По истекот на времето со помош на едно сукало убаво истегнете го тестото во дебелина од околу 5 мм. Со помош на новогодишни калапчиња сечете разни форми и ставете ги на една тава за печење врз која сте ставиле хартија за печење.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач :Елена Тодоровска