Стандард :Детето може да ги користи своите сетила (вид, слух, допир, мирис, вкус) за регулирање на движењата
Цели:Да се поттикнува детето да ја користи својата креативност.Да се развива иницијативност и самостојност во изборот на материјали за активноста.
-Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали.
Тек на активноста: Се ближат новогодишните празници поиграјте си со детето и бидете креативни во подговки на вкусни колачиња. Направете лесно тесто и понудете му калапчиња кои ќе му се допаѓаат да направи колачиња кои ќе ја красат Вашата трпеза или новогодишната елка, изборот нека биде Ваш. Нашите вредни другарчиња направија многу вкусни колачиња, од нивните очиња се виде многу среќа, радост и задоволство.
Штом нашите вредни рачиња направија вкусни колачиња, пробјате и Вие.
Убав апетит J
Потребни материјали и средства: 250гр маргарин, 400гр Фета сирење, брашно по потреба (600-700г), калапчиња по желба.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач :Анета Димковска