Стандарди:Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет ( растенија и животни) ; Детето може да ги контролира деловите од телото
Цели : Стекнување нови знаења зошто птиците преселници : ластовицата и штркот kои одат во топлите јужни краишта.Да се развива способноста кај детето да ги контролира деловите од телото.
Тек на активноста :Во нашата занимална слета една малечка ластовица. Таа ги поздрави децта и ги праша дали тие знаат која е таа. Децата ја именуваат и опишуваат.
- Дечиња знаете ли зошто денес јас сум ваш гостин и дојдов во вашата занимална. Сакам да ви раскажам многу интересна приказна . За моето патување , далечно патување. Со доаѓање на првите студени денови , ние ластовиците знаеме дека после есента доаѓа зимата и за нас храна нема . Затоа на телефонските жици ние се договараме и се припремаме за нашето далечно патување. Преку илустрациите ластовицата им го раскажува нејзиното патување во топлите јужни краишта заедно со многу други ластовици , но да неги заборавиме и штрковите.
-
- Ајде деца сега сите заедно со мене да патуваме. Да летнеме високо на небото . Да ги раширите вашите крилја на небеската шир некој пат летајки побрзо а наекој пат летајки побавно. А кога ќе секаме да се одмориме ќе слетаме на палубата на големиот брод што плови во морските длабочини..
- Во манипулативниот центар ке ја играме играта : Лета Лета. Потоа ви предложуваме боење на птици преселници и потоа можете да ги исечете....Уживајте
- Материјали и средства за реализација: Лист со контура,фломастери,дидактички фотографии,ножици.
- Воспитувач :Јелена Вангелова