Стандарди:Детето демонстрира способност да истажува и да открива нови работи.-Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца.
Цел:Да се оспособува за дивергентно мислење во процесот на решавање на едноставни проблемски ситуации.-Да ги запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите (толерантност,соработливост,упорност, самостојност, умереност,вистинољубивост,мирољубивост) како и поттиикнување на одбивноста кон се она што е спротивно на овие особини.
Тек на активноста:Играта ,,Икс-точка,,потекнува уште кога вашите родители беа деца . Играта е многу интересна и се игра на лист ,но за да на децата им биде поинтересна направете црна подлога каде ќе ги обечежите полињата,искористете ги пластичните капачиња од тетрапак пакувања,на 5капачиња нацртајте X,на 5капачиња нацртајте 0.Играта се игра со двајца играчи кои играат наизменично и на полињата ги ставаат капачињата со X и 0,кои треба во колона ,во ред или дијагонално да имаат поставено исти знак(тој е победник).Пријатна работа.
Материјали и средстава за реализација :картон ,самолплива хартија ,пластични капачиња,маркер
Воспитувач:Марија НаковаДимиќ