Стандарди:Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор. –Детето може да ги препознае и соодветно да ги изразува своите емоции.
Цел:да се оспособува да ги усогласува глаголите по време,да се изразува јасно и со правулно составени реченици. –Да ги развива и негува позитивните емоции како што се љубов ,радост,среќа,задоволство опуштеност и сигурност.
Тек на активноста:Приказните за децата се посебно интересни ,со самото читање кај децата се развива способноста за раскажување.Оваа приказна е малку поинаква од останатите,направете неколку коцки од хартија и на секоја страна од коцката залепете разни сликички од ликови,предмети,а може и од омилените цртани ликови. Откако ќе ги направите ,вашето дете нека ги фрли сите коцки,треба да создаде приказна така што ќе ги поддреди сликите што ќе ги добие .Приказната може да ја започне со ,,Си беше еднаш...” Има само едно правило:НЕМА ТОЧЕН ИЛИ ПРАВИЛЕН РЕДОСЛЕД-ВИЕ ЈА ИЗМИСЛУВАТЕ ВАШАТА ПРИКАЗНА! Пријатна игра.
Материјали и средства за реализација-:фотокопирна хартија ,ножици.лепак ,разни сликички.
Воспитувач :Марија Накова Димиќ