Стандард: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства
Цел: Развивање на природната љубопитност на детето низ процесот на истражување.
Тек на активностаКако се прави леб? -разговор по серија слики
Другари денеска ќе зборуваме за тоа како настанува лебот?
Сликите пред вас ќе ви помогнат да се запознаето со патот и процесот на настанување,кој морам да кажам дека не е лесен.
Најпрво на изораната и обработена почва, наесен се сеат зрна од пченицата. За да пораснат,пченичните зрна се натопуваат со дождовни капки и го чекаат топлото време за да изртат,т.е. пораснат и станат прави големи лични класја. Откако ќе израснат ,пожолтат го чекаат Комбајнот да дојде и да ги ожнее.Се носат во силоси и чекаат се додека не се однесат на мелење да се претворат во брашно од кое се прави погача. Од брашното се меси леб,погача,кифли,гевречиња и др.
Другари откако го научивме патот од Зрното до лебот,времее да ги засукаме ракавчињата и заедно со мама или пак баба да замесите по некоа вкусна кифличка или пак погачка.
Материјали и средства за реализација:Вангличка,брашно,вода,сол;дидактички фотографии
Воспитувач: Славица Ристевска