Наслов на активност „Јас во огледало“
Цел:да се воведува во сознавање основа за запознавање на својот физички изглед( елементарна слика за себе ).
Потребни материјали:огледало, слики
Тек на активноста : Преку оваа активност децата на интересен начин се запознаваат себеси ,својот лик во огледалото со поттикнување на насемвка ,за одгвор на прашањето колку е чисто носето,устата и лицето
Наслов на активноста „Јаболко “
Цел:Поттикнување на детето кон користење на разни видови локовни материјали
Потребни материјали : теперни бои,палета , јаболко ,блок
Тек на активноста : Активностите започнуваат со воведен раговор за значењето на јаболкото и колку е здраво .На предходно подготовка на бел лист хартија ставаме печати од јаболко заедно со децата .
Наслов на активност "Среќни прстиња"
Цел: Усовршување на фината моторика
Потребни материјали: блок, темерни .
Тек на активноста: Колку години имаш-покажи со прстињата.Започнуваме со разговор колку прстиња имаме на рацете? Што можеме да правиме со нив и секое од децата покажувајќи колку години има. Потоа на бел лист ставаме печат со рацете
Наслов на активноста: „Мече“
Цел: Поттикнување на детето да препознава што е добро и правилно, а што е лошо и не е добро.
Потребни материјали: Плишано мечe
Тек на активноста: Разговараме со децата седнати во кругче, за тоа колку е важно да бидеме послушни деца и зошто? За таа цел ја читаме песничката едно мече, кое отишло само на прошетка, без да каже на мајката и се изгубило.
Мече
Во гората едно мече ваму таму оди,
се загуби не знае дома кој пат води,
се загуби не знае дома кој пат води.
Солзи рони исплачено кај си мила мамо,
друг пат без прашање не ќе шетам само,
друг пат без прашање не ќе шетам само.
Наслов на активноста: „Чисти раце здраво дете“
Цел:Стекнување навики за лична хигена, поттикнување на уредност и чување на своето здравје
Потребни материјали: Сапун и вода
Тек на активноста: Започнуваме разговор со децата за хигената на рачињата ,колку е важно да ги миеме рачињата,и кога ги миеме рачињата и разгледуваме апликации од чисто и валкано раче.Демонстрираме миење на рачињата каде децата подобро ќе ја научат вештината за правилно миење на рацете.
Изработил/Негувател :Љубица Савевска