Стандард:Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства
Цел:Стекнување елементарни сознанија за животните на фарма.Поттикнување на фината моторика и истрајност.
Тек на активноста:
„Виктор на фарма“-обработка на сликовница
Печатење „Кравичка и Прасе“
Здраво Другари за денеска одбрав една прекрасна сликовница со наслов „Виктор на фарма“,кој преку своите живописни илустрации ќе ви помогне да се запознаете со животните од Фармата,нивните живеалишта и ползата од истите за децата и луѓето.Откако ќе ја разгледате со своите родители,ќе имате за задача да испечатите Кравичка и прасенце во прилог ви доставуваме примери на фотографии.
Материјали за реализација: Печати,темперни бои,четки,палети,листови за цртање.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач: Славица Ристеска