Стандарди: Детето демонстрира способност да разликува различни звуци и гласови;Детето може да ги користи своите сетила за регулирање на движењето;
Цели: Да се поттикне способност за истражување и разликување на одредени звуци и гласови;Да се развијат способности за реагирање според сетилото за слух;
Да се усовршува функцијата на сетилото за слух;
Тек на активноста: Денешната активност нека започне со разговор за тоа со што слушаме и што произведува звук. Укажете му на детето дека секој предмет произведува звук. Излезете на тераса или во блиската околина и слушајте ги звуците. Во домот подгответе предмети изработени од различен материјал и правете звуци. Звукот е невидлив, но понекогаш можеме да го видиме.Ставете кујнска фолија врз некој сад, а од горе ставете парченца хартија и пуштете гласна музика. Детето ќе може да забележи дека хартијата полека се движи. На крајот можете да изработите телефон од книжни чашки.
Материјали и средства за реализација: Предмети од различен материјал, детски музички инструменти,
Воспитувач :Валентина Гавриловска