Стандарди: Детето може да зборува и комуницира;Детето покажува истрајност во преземените активности;
Цели: Да се развива во континуитет функцијата на говорниот апарат;Да се оспособи за правилна дискриминација и артикулација на гласовите како основа за правилно изговарање на зборовите;Да се поттикнува и негува истрајноста во учењето;
Тек на активноста: За денешната говорна игра ќе ви биде потребно детски музички удирачки инструменти кои можете сами да ги изработите, дајре или едноставно можете да ги користите дланките.Броенката се чита неколку пати, а потоа поттикнете го детето заедно со вас да ја повторува броенката.Додека ја кажувате броенката користете ги инструментите или дланките за да тактирате. Забрзувајте и успорувајте го темпото. Играта трае додека постои интерес. Може да се продолжи со боење и изработка зајче.
Материјали и средства за реализација : Прилог броенка, детски музички инструменти, боенка, восочни бои, пластична чашка, лепило, фломастери,хамер.
Чантар, чантар, чантарана!
Зајак влегол во два стана!
Во првиот - кафе пиел,
Во вториот – филџан миел.
Дур го измил – поглед сматил
и во друг стан џенем фатил.
Воспитувач :Валентина Гавриловска