Стандард: Да се развиваат способности за класификација, серијација, според боја, форма вид, големина.
Цели:Детето ги класифицира предметите според видливите карактеристики(боја, форма големина, вид)
Тек на активноста: Запознајте го детето со каратеристиките на годишното време есен. Направете мала прошетка во блиската околина. Поттикнете го детето да одбере листови со разна големина, форма, боја. Измазенете ги убаво листовите и пристиснете ги помеѓу списанија и сл. Потоа на најлонска фолија направете селекција со цел детето да ги воочи разликите на листовите. Украсете ја вашата просторија, поточно залепети ги на вашите прозори. Во прилог ви претставуваме изработки од нашите вредни другарчиња.
Потребени материјали и средства за работа: Најлонска фолија, суви лисја, списанија.
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач: Анета Димковска