Стандарди:Детето може да ги забележи и да ги почитува сличностите и разликите кај луѓето
Цели : Да се запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите(чесност, дарежливост, умереност, мирољубивост)
Да се оспособува за самостојно вербално изразување во конкретни ситуации.
Тек на активноста: Во чест на Недела на детето охрабрете ги децата и поразговарајте со нив што ги прави среќни. Потикнете ги да насликаат или нацртаат што е тоа што ги прави радосни и задоволни секојдневно. Напишете а потоа и сликовито представете ја пораката која ви ја искажало детето.
Во прилог неколку искази од наши другарчиња!
Максимилијан- ,,Градинката ме прави среќен, дека сум умен, дека ги сакам мама и тато.
Војдан- ,,Кога возам тротинет!
Надија - ,,кога играм со другарчињата, кога играм со мојата играчка, среќна сум гока мама ми вели дека многу ме сака!
Кристијан- ,,Кога мама ми дава бонбончиња, среќен сум кога ми пушта да гледам и цртани филмови!
Јован- ,,Кога играм со моите браќа“
Бахар- ,,Кога слушам детска музика“
Дениса- ,,Кога играм со мојата кукличка“
Наши вредни другарчиња:
Воспитувач: Анета Димковска